Жена е тешко повредена во сообраќајка кај Крива Паланка.
На експресниот пат А2, на делницата кај село Петралица, во Општина Ранковце, се случила тешка сообраќајна незгода во која патничко возило „фиат“ излетало од коловозот и се превртело.
Со тешки телесни повреди се здобила 32-годишната возачка од Крива Паланка, која била пренесена во болница во Куманово.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид, а се работи на утврдување на причините за несреќата, соопштија од полицијата во дневниот билтен.