Вчера во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено било дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат.
Од МВР информираат дека на лице место на настанот веднаш се упатиле служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронашле излетано патничко возило „Сеат” кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет сопатници.
На место на настанот биле упатени и една екипа на Територијална противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итна медицинска помош од Скопје и една екипа на ЈП Македонија Пат.
„Возачот и лицата сопатници се успешно извлечени и истите се пренесени во Ургентен Центар во Велес и се наоѓаат вон животна опасност, благодарение на брзата и ефикасна реакција на надлежните служби“, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје.
Апелираме до сите возачи за почитување на сообраќајна сигнализација, прилагодување на брзината према ограничувањето и условите на патот“, порачаа од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје.