Снег заврна во Македонија – пазете ако патувате во правец на Охрид

СНЕГ НА СТРАЖА: Почнаа врнежи на патот Кичево–Гостивар, објавено видео

 

Околу 23 часот започнале врнежи од снег на местото наречено Стража, на патниот правец Кичево–Гостивар.

 

Macedonia in my heart обезбеди видео на кое јасно се гледаат снежните врнежи, кои ги изненадија возачите во овој дел од земјата. Засега нема информации за прекини во сообраќајот, но се препорачува внимателно возење поради можни лизгави коловози.

 

Надлежните служби ја следат состојбата и доколку има потреба ќе интервенираат со соодветна механизација.

Видео: https://www.facebook.com/reel/1693841281942877/