ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Крушево
Со длабока тага, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево ја споделија веста за прераната смрт на нивниот поранешен претседател, Никола Зисов.
Во објавата наведуваат дека Зисов бил човек кој искрено и безрезервно ѝ служел на идејата, партијата и татковината, секогаш близок до народот и подготвен да помогне таму каде што е најпотребно.
„Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени“, стои во соопштението.
Тие додаваат дека Зисов бил повеќе од соработник – вистински пријател и човек на кој секогаш можело да се потпре.
На само 32 години, како што посочуваат, неговата прерана смрт оставила голема празнина кај сите што го познавале.
Од комитетот изразија искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите.