ПРАВДАТА СТИГНА: Доживотна казна за убиецот на Борјанка Николова!

Основниот суд во Штип му изрече казна доживотен затвор на 74 годишниот Денис Асанов од Штип, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Ова злосторство ја потресе јавноста откако делови од телото на жртвата беа пронајдени закопани во дворот на Асанов. Ова е трета доживотна затворска казна за фемицид во Основниот суд во Штип од минатата година до сега.