Познато какво време нè очекува за 1 и 2 мај

Сите се подготвуваат за новиот викенд, односно прославата на 1 мај, а УХМР ја објави и прогнозата за првите денови од наредниот месец.

Прогноза за 01.05.2026: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.05.2026: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.