Откриена причината за смрта на двајцата браќа (17 и 15) во хотел во…

ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Откриена причината за смрта на двајцата браќа (17 и 15). Двајца малолетни браќа починале од пестицид во хотелска храна

 

Истанбул – Двајца браќа од Холандија, на возраст од 17 и 15 години, трагично го загубиле животот во хотел во Истанбул, откако биле отруени со опасен пестицид, информираат турските власти.

 

Инцидентот се случил во август во населбата Фатих, каде што момчињата биле пронајдени без знаци на живот во хотелската соба. Нивниот татко, кој бил со нив, преживеал благодарение на навремен медицински третман.

 

Првичните сомнежи укажувале на труење со храна, но обдукцијата покажала присуство на алуминиум фосфид – силно токсична супстанца што испушта опасен гас и може да биде смртоносна.

 

Во рамки на истрагата, приведени се пет лица, меѓу кои менаџерот на хотелот и претставници на фирма за дезинсекција. Тие остануваат во притвор до почетокот на судскиот процес.

 

Овој случај отвора сериозни прашања за безбедноста и контролата на користењето опасни хемикалии во туристичките објекти. Воедно, ја потсетува јавноста и на претходен трагичен настан во Истанбул, каде четиричлено семејство го загуби животот под слични околности.