ОПАСНО ОТКРИТИЕ КАЈ БИТОЛА: Граната од Првата светска војна излезе на површина!

Артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена на нива во битолското село Ивањевци и безбедно е отстранета од страна на надлежните служби.

Од МВР информираат дека на 20 април 2026 година во 10:40 часот во СВР Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување пријавил дека ја подигнал гранатата со калибар од 105 милиметри.

Претходно, на 19 април околу 17:25 часот било пријавено дека неексплодираното убојно средство е пронајдено во атарот на селото.

Гранатата е безбедно отстранета, а надлежните апелираат до граѓаните при пронаоѓање на вакви предмети веднаш да ги пријават и да не ги допираат. објави Скопје1.мк