Ова се последни познати движења на познтата инфлуенсерка која исчезна по ноќно излегување

Рејчел Кер (31), британска патничка инфлуенсерка, исчезнала по ноќно излегување во Мароко, а последен пат била видена како излегува од ноќен клуб во Агадир, неколку часа по одјавување од блискиот хотел.

Рејчел последен пат е видена во SMART Nightclub во крајбрежното одморалиште Агадир, околу 5 часот наутро минатата сабота. Оттогаш нејзиниот телефон е исклучен, а семејството нема никакви вести од неа.

Неколку часа пред да исчезне, таа се одјавила од хотелот Carribbean Village, наводно откако останала без пари.

The travel influencer had to check out of her hotel after running out of money, her friend said

Нејзината братучетка Клер Хил напиша на социјалните мрежи:
„Многу сме загрижени за нејзината безбедност и апелираме за било каква информација за нејзината локација или со кого можеби е во контакт таму.“

Таа додаде дека шкотската полиција е известена и дека членовите на семејството патуваат кон Агадир за да помогнат во потрагата.

Пријателката Алексис Шо изјавила дека Рејчел првично требало да се врати во Шкотска две недели порано, но останала подолго во Агадир бидејќи била „во лошо ментално состојба“.

Во петокот, според неа, Рејчел останала без пари и се одјавила од хотелот пред да оди во ноќниот клуб SMART, кој се наоѓа во хотелот Agador, помалку од една милја оддалечен.

Еден турист кој го посетил истиот клуб изјавил дека има „репутација за додавање супстанции во пијалоци“, додека друг рекол дека не е „соодветно место за млади луѓе“.

Пред исчезнувањето, Рејчел редовно објавувала видеа од патувања низ светот и промовирала WhatsApp група за организирани тури. Исто така работела и како модел.

She had chosen to extend her stay in Agadir as she was 'in a bad mental place', according to her pal

По пристигнувањето во Агадир напишала:
„Каков живот е ова — да патуваш и да откриваш нови места, да запознаваш нови луѓе и да учиш нови работи.“

Нејзината последна објава на Instagram била пред две недели со натпис „la marinaaaa“. Неколку дена претходно објавила видео од Агадир и рекламирање на 10-дневна тура во градот за октомври.

Портпарол на Министерството за надворешни работи изјавил:
„Ние го поддржуваме семејството на британска жена која е исчезната во Мароко.“