Насилничките од Ѓорче Петров напаѓале и други девојчиња – 14 лица се повикани на разговор во полиција

Случајот со малтретираното девојче од Ѓорче Петров ја згрози Македонија, а полицијата веднаш реагираше и повика 14 лица на разговор. Сепак, таа не била единствена жртва, пишува „24инфо.мк“.

Во разговор со роднини на деца, „24инфо.мк“ дознале дека насилничките од Ѓорче Петров имале и други жртви, но 12-годишното девојче било најмногу малтретирано.

Медиумот пишува дека добил и видео-снимки, а повеќе за тоа може да прочитате и на „24инфо.мк“.