ЗЕМЈОТРЕС ВО ПОЛИТИКАТА: Пратеник од мнозинството станува независен!

Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група на ЗНАМ, која е дел од владејачкото мнозинство, и од денеска ќе делува како независен пратеник, потврди за ТВ 24.

Цеков вели дека во политиката влегол за да донесе промени, но тие, според него, не се случиле. Поради тоа, одлучил да се повлече од власта и да делува самостојно.

Тој не прецизира дали ќе ѝ даде поддршка на опозицијата, но истакнува дека е отворен за соработка со сите што ги делат неговите вредности.

Во однос на европската перспектива, Цеков нагласува дека ја поддржува, но со јасна заштита на националниот идентитет, јазикот и културата.

Целата вест можете да ја прочитате тука: ЛИНК!

Извор: ТВ 24