Седумдесет и четиригодишна жена од Скопје е тешко повредена откако паднала во автобус на линијата број 9, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштуваат од МВР, на 25.04.2026 во 16:10 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д. (74) од Скопје.
Според пријавеното, несреќата се случила додека жената се превезувала со автобус, при што кај Бит Пазар возачот нагло закочил. Во тој момент таа паднала во возилото и се здобила со повредите.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.