ЕКЗЕКУЦИЈА СРЕД БЕЛ ДЕН ВО БРАЗИЛ: Балкански БОС изрешетан со 10 куршуми пред бензинска

ЕКЗЕКУЦИЈА СРЕД БЕЛ ДЕН ВО БРАЗИЛ: Балкански БОС изрешетан со 10 куршуми пред бензинска!

 

Бугарскиот бизнисмен Благои Деков е брутално убиен во Сао Паоло, Бразил, додека купувал вода на бензинска станица, пренесуваат бразилските медиуми.

 

Според првичните информации, напаѓачите биле двајца и без двоумење испукале дури 10 куршуми кон него. По крвавата егзекуција, тие избегале од местото на настанот со мотоцикл, без да украдат ништо – што укажува на можно нарачано убиство.

 

Очевидци наведуваат дека нападот се случил за само неколку секунди, а жртвата немала никаква шанса да се спаси.

 

Според Божидар Попов, кој живее во Сао Паоло, Деков бил познат во локалната заедница и дури обезбедил простории за одржување на избори.

 

Сепак, неговото минато крие контроверзии. Во 2008 година бил уапсен во Бразил за поседување наркотици и издржал петгодишна затворска казна. По излегувањето од затвор, останал да живее во Сао Паоло, каде основал семејство и имал тригодишна ќерка.

 

Работел со магацин за пијалаци и поседувал автомивка.

 

И покрај неговото минато, бразилската полиција засега не го поврзува убиството со претходните активности. Од бугарското Министерство за надворешни работи велат дека сè уште немаат официјална потврда за случајот.

 

Истрагата е во тек, а мотивите за оваа ликвидација засега остануваат мистерија.