ГРУБИ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Еве уште колку нема да излезе од дома!?

Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во домашен притвор уште 30 дена на предлог на јавниот обвинител, а со одлука на Основниот кривичен суд. Обвинетиот за злоупотребите во Државната лотарија ќе го чува полицијата, така бараа АНБ и МВР, со објаснување дека му била загрозена безбедноста и на неговото семејство. Истрагата за Груби се одолговлечи, а тоа остава простор во јавноста за шпекулации и прашања- дали осомничениот ќе се спогоди, дали ќе се запре истрагата…Груби досега не дал исказ пред обвинителот, а одбраната досега требаше да направи увид во доказите.

Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари и сам се предаде на граничниот премин Блаце. Груби е осомничен заедно со екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој пак и натаму е во бегство и за него има активна потерница од Интерпол. ОЈО Скопје ги сомничи за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.