Грозоморен случај во Гостивар: Девојче пријавило силување од братот и малтретирање од таткото

Ноќеска во 4 и 10 часот после полноќ во СВР Тетово – ОВР Гостивар, малолетничка од Гостивар пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие, информира полицијата.

„Малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја принудувал да бара пари од нејзината баба. Малолетничката е предадено под грижа на Центарот за социјални работи Гостивар и во содејство со нив се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, соопшти СВР.