ГОЛЕМА ТАГА! Почина Лилјана Алтипармакова – долгогодишна новинарка и уредничка во МРТ!

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија. Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството преку објава на Фејсбук.

Таа целиот свој работен век го посвети на МРТВ, каде што работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи силен печат и препознатливост во оваа медиумска куќа.

Погребот ќе се одржи на 22 април во 11:30 часот на гробиштата Бутел во Скопје.