(ВИДЕО) НАСИЛСТВО: Калуѓерка претепана – снимката вознемирува!

Француска калуѓерка била претепана во Ерусалим, а полицијата приведе едно лице, пишува „Тајмс оф Израел“.

Осомничениот 36-годишен маж е идентификуван од полициските службеници, а потоа приведен.

Нападот се случил во вторникот, а полицијата за неколку часа го пронашла сторителот и му ставила лисици на рацете.

„Во вторникот околу 17.45 часот таа почувствувала дека некој ѝ се приближува. Со сета сила ја турнал кон карпа, а потоа почнал да ја шутира“, објави директорот на француската библиска школа во Ерусалим, Оливие Покијон.