Драматичен пресврт – 15 дена преговори меѓу САД и Ирансо прстот во чкрапало

ЕКСКЛУЗИВНО: САД И ИРАН ВЛЕГУВААТ ВО КРИТИЧНИ ПРЕГОВОРИ – 15 ДЕНА ОДЛУЧУВААТ ЗА ВОЈНАТА, „РАЦЕТЕ СЕ НА ЧКРАПАЛО“

Исламабад станува нова дипломатска сцена на глобалната криза, откако Врховниот совет за национална безбедност на Иран потврди дека разговорите со Соединетите Американски Држави ќе започнат во петок и ќе траат до 15 дена, со посредство на Пакистан.

Според соопштението, Техеран прифатил да влезе во преговори во рок од две недели, откако ќе ги постигне своите цели на бојното поле, што укажува на внимателно балансиран потег меѓу дипломатијата и воената стратегија.

Иако се најавува ограничена пауза во непријателствата, иранските власти јасно потенцираат дека тоа не значи крај на војната. Конечниот прекин ќе зависи од исполнување на нивните услови, кои ги опишуваат како дел од „финалната победа“.

Во рамките на преговорите, Иран изнел предлог од десет точки, кој вклучува гаранции против идни напади, целосно укинување на санкциите, финансиска компензација, како и повлекување на американските сили од регионот. Особено внимание се става на Ормускиот теснец, каде Техеран најавува дека ќе обезбеди безбедно поминување во наредните две недели, но под своја контрола.

И покрај дипломатскиот напредок, реториката останува остра. Од Техеран порачаа дека разговорите се водат со „тотална недоверба“ кон Вашингтон, нагласувајќи дека нивните сили остануваат во целосна готовност – „рацете остануваат на чкрапалото“.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги суспендираат нападите врз Иран во период од две недели, оценувајќи го потегот како „билатерален прекин на огнот“ поврзан со претстојните преговори.

Светот сега внимателно го следи Исламабад, каде во следните денови ќе се решава дали кризата ќе премине во мир – или ќе ескалира во нова фаза.