Претреси во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 10.04.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.С.(38) во Гостивар. При претрес во неговиот дом и угостителски објект, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја. додека во угостителскиот објект е пронајдена марихуана.
Претрес во Скопје, лишен од слобода турски државјанин, пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа
На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице
На 10.04.2026 во 19:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишија од слобода А.К.(48) од Делчево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони. Додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво.
Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Во текот на ноќта помеѓу 10 и 11 април 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле пет лица поради поседување дрога.
Како што информираат од полицијата, лишени од слобода се Е.С. (39), Р.Р. (39), З.К. (43), Ј.К.Џ. (35), сите од Скопје, како и Б.А. (27) од Сингелиќ. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, како и марихуана.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените лица.