Трагедија во Битола: Млада жена убиена од Сопругот во населбата Баир – Ужасни детали
Битола утрово беше потресена од трагичен случај на убиство во населбата Баир, каде животот го загубила 31-годишна жена.
Според првичните информации, трагедијата се случила околу 07:30 часот на улицата „5-та“, по семејна расправија која завршила кобно. Неофицијално, станува збор за случај на семејно насилство во кој сопругот ја усмртил својата сопруга.
По пријавата, полициски екипи и јавен обвинител веднаш излегле на местото на настанот, каде е извршен увид. Осомничениот е приведен и лишен од слобода, а против него ќе биде поведена соодветна постапка.
Надлежните институции во текот на денот се очекува да соопштат повеќе детали за мотивите и околностите под кои се случило убиството.
Случајот повторно ја отвори темата за семејното насилство и трагичните последици кои може да произлезат од него.