Истепан бугарски проруски лидер сред улица во Софија

Hапад врз прорускиот лидер Волен Сидеров во центарот на Софија – нема официјална потврда

 

Поранешниот бугарски политичар Волен Сидеров тврди дека бил нападнат во центарот на Софија, објавувајќи вознемирувачка порака на својот Фејсбук профил.

 

Според неговата објава, инцидентот се случил на улицата „Шишман“, каде што, како што наведува, бил физички нападнат од непознато лице кое потоа избегало од местото на настанот. Сидеров споделил и фотографија од лице за кое тврди дека е напаѓачот, апелирајќи до граѓаните да помогнат со информации.

 

„Овој човек ме нападна во центарот на Софија денес и избега. Кој може да даде некакви информации, нека ми пише во приватна порака. Потребни се за да се поднесе пријава и да се покрене тужба“, напиша Сидеров.

 

Сепак, засега нема официјална потврда од полицијата или надлежните институции за настанот, ниту пак се објавени докази што би го потврдиле тврдењето.

 

Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците изразуваат загриженост за состојбата на Сидеров, додека други поставуваат прашања околу деталите за настанот.

 

Надлежните органи засега не се огласиле за случајот.