(ФОТО) ПОЖАР ВО ПОМОШЕН ОБЈЕКТ: Интервенирале пожарникарите!

Денес, во 14.25 часот во село Ангелци, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект, известија струмичките пожарникари.

Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, информираат струмичките пожарникари.