Трамп се налути поради пропаднатите преговори: Можам да го уништам Иран во еден ден, за еден саат!

Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати порака преку социјалните мрежи откако пропаднаа преговорите меѓу американската и иранската делегација во Пакистан.

„Состанокот помина добро, голем дел од работите беа договорени, но најважната – нуклеарната не е. Веднаш потоа, американската морнарица, која е најдобра во светот, ќе започне процес на блокада на сите бродови кои се обидуваат да влезат или да го напуштат Ормускиот теснец“, објави Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп кажа дека може да го уништи Иран во само еден ден.

„Нема да му дозволиме на Иран да заработува пари со продажба на нафта на луѓе кои им одговараат“, кажа Трамп.

Првиот човек на Америка ги повтори заканите кон иранската енергетска инфраструктура.

„Можам да го уништам Иран во еден ден… Можам да им ја уништам цела енергија“, посочи тој.