Вработен во Општина Центар, извршувајќи службени задачи, бил физички нападнат пред влезот во Старата скопска чаршија.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, М.Б.(47) од Скопје пријавил дека околу 11:00 часот пред влезот во Старата скопска чаршија во Скопје, додека извршувал службени задачи како вработен во општина Центар, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.