Министерството за внатрешни работи излезе со официјални информации за утринскиот пожар во Скопје, во кој целосно изгореа две возила.
Според МВР, на 26.04.2026 околу 05:00 часот било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ се опожарени патничко возило „ауди“ и „пежо 307“, двете со гевгелиски регистарски ознаки и во сопственост на две лица.
Од пожарот, освен што возилата биле целосно уништени, бил оштетен и семафор на улицата „Орце Николов“. Повредени лица нема.
Претходно, станари од околните згради сведочеа дека пред избувнувањето на пожарот се слушнале звуци налик на пукање, по што следел густ чад и силен мирис, што отвори сомнежи дека огнот можеби бил подметнат.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.