ПОЖАР ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ: Три возила зафатени од пламен

Во раните утрински часови, денеска, избувнал пожар на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, при што целосно било зафатено патничко возило „форд“, а огнот се проширил и на уште две возила – „бмв“ и „фолксваген голф“, информираа денеска од полицијата во дневниот билтен.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а за среќа нема повредени лица.

Надлежните служби извршиле увид и се работи на утврдување на причините за настанот.