ШОК ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЕУ ВОВЕДЕ СТРОГ ДИГИТАЛЕН НАДЗОР – СЕКОЈ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ПОД КОНТРОЛА!
Од денеска започнува целосната примена на новиот систем за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System), кој ќе ги регистрира сите странски државјани што ги преминуваат надворешните граници на ЕУ – било да станува збор за копнени премини, пристаништа или аеродроми.
Станува збор за нов дигитализиран механизам кој воведува построга контрола и детална евиденција на патниците од земји кои не се членки на Унијата. Системот, кој делумно беше воведен уште од 12 октомври минатата година, сега стапува во целосна функција и носи големи промени за сите што патуваат кон Шенген зоната.
Со новите правила, секој влез и излез ќе се евидентира електронски, а ќе се собираат и биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија. Главната цел е подобра идентификација и строго следење на дозволениот престој, според правилото 90 дена во период од 180 дена. Сепак, ова може да значи и подолго задржување на граничните премини.
Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека сите ресурси се ставени во функција за да се обезбеди брз проток на патници. Граничната полиција ќе работи со засилено присуство на терен и континуирано ќе ја следи состојбата, со цел да спречи евентуални застои и навремено да ги информира граѓаните.
Од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ смируваат дека кај товарниот сообраќај не се очекуваат поголеми проблеми од вообичаеното. Сепак, ситуацијата може да биде поинаква за патничките возила и автобусите, каде се очекуваат потенцијални задржувања.
Претседателката на „Макамтранс“, Билјана Муратовска, апелира професионалните возачи внимателно да го следат бројот на денови поминати во Шенген зоната. Таа предупредува дека од 10 април започнува комбинирано броење на престојот – ќе се користат податоците од електронскиот систем, но и печатите во пасошите, сè до целосно усогласување на новите правила.
Новите мерки се дел од поширока стратегија на ЕУ за зајакнување на безбедноста и контролата на границите, но за многумина тие значат и нова реалност при патувањето – повеќе проверки, повеќе правила и помалку простор за грешки.