ПАДНА ОДЛУКА ОД РКЕ! Ова се новите цени на горивата!

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за нови максимални цени на горивата.

Согласно одлуката од вечерва на полноќ дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Намалување на цената од еден денар има и кај екстралесното масло за горење.

Согласно одлукатата, новите максимални цени ќе изнесуваат: еуросупер БС-95 – 82,50 денари за литар; еуросупер БС-98 – 84,50 денари за литар; еуродизел – 91,50 денари за литар; екстра лесно масло –  96,00 денари за литар; мазут – 46,656 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека ваквите корекции се резултат на движењата на референтните цени на светските пазари:

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%“.

Како и досега, станува збор за максимално дозволени цени, што значи дека трговците можат да ги формираат и на пониско ниво.