Мицкоски најави нови цени на горивата: Еве што се очекува од понеделник

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави ново намалување на цените на горивата од понеделник.

Мицкоски кажа дека очекува поевтинување на бензините и дизелот за околу денар ипол, а притоа посочи дека на сила останува попустот договорен со ОКТА.

Бензинот БС-95 чини 82 денари за литар, додека БС-98 изнесува 84 денари, додека дизелот чини 95,5 денари во моментов.