Малолетни девојки физички нападнати од едно женско лице во автобус на подрачјето на Аеродром.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:40 часот во СВР Скопје, Е.К. и Р.С., двете од Скопје, пријавиле дека околу 16:30 часот во автобус на подрачјето на општина Аеродром, нивните две малолетни ќерки биле физички нападнати од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.