ГОЛЕМИ ПРЕТРЕСИ НА ПОЛИЦИЈАТА! Еве колку лица се уапсени!

Претрес во Боговиње: пронајдена дрога, уапсен маж

Денеска во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на 41-годишниот Б.З. во село Боговиње.

При претресот е пронајдена бела прашкаста материја и алат за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело. Б.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко.

При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.