“Вистинска војна” во Кичево – многу уапсени

Крвава масовна тепачка среде ноќ кај Кичево – повеќе лица уапсени

Девет лица се уапсени по масовна и крвава тепачка што се случила ноќеска во близина на Кичево, информираат надлежните.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот по полноќ на крстосницата во Осломеј, каде избувнала физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со исеченици и телесни повреди.

Полицијата интервенирала и околу 03:40 часот ги лишила од слобода деветмина осомничени, млади лица од Прилеп, Битола и Кичево.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Кичево, приведени се: Д.А. (20), С.Д. (27), С.Д. (19) и Д.Р. (31) од Прилеп, Д.М. (18), Е.М. (26), М.Х. (22) и Ј.Х. (19) од Битола, како и Р.Х. (34) од Кичево.

По целосно расчистување на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата продолжува со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со овој инцидент.