АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА: Се урна авион – нема преживеани, објавен бројот на загинати!

Авион „Цесна 208 Караван“ се урна југозападно од Џуба, при што загинаа сите 14 лица во него. Контактот беше изгубен за време на летот од Јеи, а причината за несреќата сè уште не е потврдена.

Управата за цивилно воздухопловство на Јужен Судан во понеделник соопшти дека авион се урна југозападно од главниот град Џуба, при што загинаа сите 14 лица во него.

„Цесна 208 Караван“, управуван од CityLink Aviation, го изгуби контактот за време на летот од градот Јеи до меѓународниот аеродром Џуба, се вели во соопштението, објави Ројтерс.

Авионот полетал во 09:15 часот по локално време, а контактот бил изгубен во 09:43 часот. Во авионот имало 13 патници и пилот, меѓу кои и државјани на Кенија и Јужен Судан. Прелиминарните извештаи укажуваат дека несреќата можеби е предизвикана од лоши временски услови, првенствено намалена видливост, се вели во соопштението.